Во Молдавија протест на приврзаниците на новоизбраната претседателка Маја Санду

Од:

Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду протестираа денеска против плановите на парламентот да и ја одземе контролата над разузнавачките служби, само неколку недели пред таа да дојде на власт.

Санду, поранешна економистка на Светска банка која заговара поблиски односи со ЕУ, го победи прорускиот претседател Игор Додон на изборите минатиот месец, но во парламентот сè уште доминираат пратениците на Социјалистичката партија, кои го поддржуваат Додон.

Социјалистите тврдат дека со оглед на тоа дека Молдавија е парламентарна република, контролата врз разузнавачките служби треба да се предаде на Парламентот.

Протестите се одржаа пред зградата на парламентот, додека пратениците водеа жестока дебата за спорните измени на законот.

Одлуката да и се одземат ингеренциите во однос на Службата за разузнавање и безбедност Санду ја нарече „обид за узурпирање на власта“ и попречување на нејзиното извршување на функцијата претседател.

– Го добивме гласот на народот на изборите за да ги казниме крадците, за да ги вратиме украдените пари на народот, но крадците се исплашија, сакаат да ги задржат старите шеми на корупција, сакаат да го фрлат гласот на народот во депонијата, рече Санду на протестниот митинг.

Приврзаниците на Санду извикуваа „Долу мафија“ и „Долу Додон“, а многумина носеа заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот.

Во рамките на парламентот, постапките беа прекинати откако пратениците од партијата на Санду, со помош на други, ја блокираа централната говорница.

Гласањето за предложените амандмани се очекува подоцна, во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он