Во Минск договорен прекин на огнот во Донбас

Од:

Учесниците во преговорите во Минск успеаја да се договорат за прекин на огнот во зоната на конфликт во Украина од полноќ по киевско време на 15 февруари и за повлекување на тешкото оружје, соопшти претседателот на Русија Владимир Путин.

– Се договоривме според мене, за многу нешта. Прво се договоривме за прекин на огнот од полноќ на 15 февруари, изјави рускиот претседател.

Според Путин, втора договорена рабоота е повлекување на тешкото оружје „од сегашната линија на поделба договорена на 19 септември лани“.

ТАСС јави дека лидерите на сепаратистите се согласиле да го потпишат документот.

Руската телевизија јави дека Путин рекол оти преговорите биле исполнети со тензии, како и дека имал директни разговори со украискиот претседател Петро Порошенко.

Според рускиот претседател, работата продолжува на експертско ниво за „другите детали“. Станува збор за постигнување согласност за сеопфатен договор во кој би било договорено и прашањето за тешкото оружје и неговото повлекување и за создавањето на демилитиризирана зона,меѓу завојуваните страни.

Рускиот претседател рекол дека е потребен директен контакт меѓу украинските власти и оние кои ја контролираат територијата во Источна Украина во Донецк и Луганск.

Претходно, руските медиуми утринава јавија дека на преговорите на кои учествуваат и францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел по 16 часови е постигната согласност за 80 отсто од работите, како и дека ќе се обезбеди прекин на огнот во следните 48 часови.

Овие медиуми тврдеа и дека сите учесници на преговарачката маса сакаат да се постигне договор, но дека Порошенко не ги прифаќа понудените решенија.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион