Во Минхен се одржа средба на блискоисточната четворка на ниво на министри

Од:

Во Минхен се одржа средба на четворката меѓународни посредници за Блискиот Исток (Русија, САД, ЕУ и ОН), јави ТАСС.

Русија беше претставена од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, САД од државниот секретар Џон Кери, ЕУ од шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, а ОН од првиот заменик генерален секретар Јан Елијасон.

Средбата на т.н. блискоисточна четворка во кулоарите на Минхенската безбедносна конференција беше свикана на предлог на Русија.

Според Лавров, новите предизвици како што се конфликтите во Сирија и Либија не треба да стават сенка врз старите проблеми.

Тој вели дека немањето напредок по палестинско-израелското прашање води до радикализација и ширење на екстремизмот на Блискиот Исток.

Блискоисточната четворка ќе подготви извештај за тековната состојба меѓу Израел и Палестинците со идејата за обнова на мировните преговори.

По денешните разговори учесниците изјавија дека извештајот ќе вклучува препораки, кои можат да помогнат во меѓународните дискусии со информација за најсоодветниот начин за напредок по концепцијата за две држави.

Би можело да ве интересира

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија