Во Лима договорено намалување на емисиите на штетни гасови

Од:

Претставниците на 190 земји-учесници на Меѓународната конференцијата за климатски промени, што се одржува во перуанскиот главен град Лима, рано изутринава постигнаа договор за глобално намалување на емисииите на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Докукментот усогласен во Лима по двонеделни преговори, треба да биде основа за договорот што би требало да биде усвоен на Конференцијата за климата, што ќе се одржи иднатаа година во Париз.

Конференцијата претходно беше продолжена за еден ден, бидејќи до нејизниот претходно предвиден крај не беше постигнат напредок во преговорите за намалување на емисиите на штетни гасови, првенствено поради спорот меѓу САД и Кина, кои се глави загадувачи.

Како што јави ДПА, Кина не ги прифати првичните предлог-заклучоци на Конференцијата, што беа поддржани од САД, оценувајќи ги како „неправедни“.

Според Кина, која ослободува една четвртина од вкупната емисија на штетни гасови, со овој предлог за намалување на емисиите на јаглерод диоксид не се водело сметка за разликите меѓу развиените и земјите во развој.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните