Во Либија уапсен лидерот на локален огранок на ИД

Од:

Либиска паравоена група лојална на Владата во Триполи, која ја поддржуваат исламистите, тврди дека нејзини борци го уапсиле лидерот на огранокот на Исламска држава (ИД) за градот Сабрата, кој минатата недела беше бомбардиран од американските сили.

Специјалните сили за одбивање (СДФ) објавија денеска на Фејсбук дека го притвориле лидерот на ИД за Сабрата со име Мухамед Саад ал-Таџури, кој е познат и како Абу Сулејман, и убиле десетмина борци на ИД во оружениот судир.

Групата, исто така, најавува дека ќе објави снимка од апсењето и наводното признание на Ал-Таџури.

ИД вчера се обиде да го преземе градот Сабрата со упад во седиштето на безбедносните сили и обезглавување на најмалку 12 борци на СДФ во објектот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски