Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

Од:

Две брани над градот Дарна во источна Либија, кои пукнаа и предизвикаа поплави со илјадници жртви, ги изградија југословенски компании. Браните изградени во 1970-тите веројатно се многу лошо одржувани.

Исто така, локацијата на само еден километар над градот не била соодветна за ваков архитектонски зафат. Градот Дарна во минатото доживуваше чести поплави и затоа владата одлучи да изгради брани за да го заштити. Големите поплави го оштетија градот во 1941, 1959 и 1968 година, а оние од 1950-тите беа најразорни.

Во шеесетите години на минатиот век беше создадена студија која предлагаше изградба на брани, чија имплементација започна многу брзо. Поплавите од 1986 година беа надминати со новите брани и водата не стигна до градот.

Горната брана имаше капацитет од 1,5 милиони кубни метри вода, додека втората имаше капацитет до 22 милиони кубни метри вода.

Поранешната југословенска, сега српска компанија Хидротехника-Хидроенергетика на својата веб-страница наведува дека меѓу 1973 и 1977 година изградила две брани и голем број објекти како тунели, пумпни станици и акумулации во регионот на Дарна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Најмалку четири лица се исчезнати во поплавите во Кина

(ВИДЕО) Големи поплави во Анкара, затворено е метрото, возилата на безбедно се пренесуваат со виљушкари

Горан Наумовски

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски