Во Крим откриена статуа на руски војник

Од:

Руските власти во Крим на вчерашната свечена манифестација открија статуа на вооружен војник, кој ги симболизира руските специјални сили, кои ја презедоа контролата врз островот во март 2014 година.

Споменикот беше свечено откриен во главниот град на Крим, Симферопол, по повод денешниот национален празник Денот на Русија.

Статуата на војникот, која се наоѓа близу до локалниот Парламент е висока околу два метри, на рамото војникот има Калашникот и многу муниција. Тој заштитнички гледа кон девојче, кое му подава цвет, а едно маче се наоѓа меѓу неговите нозе.

– Го откриваме споменикот на нашите славни руски војници, на современиот руски војник, изјави на церемонијата, Олег Белавенцев, пратеник на рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он

Симонјан: Германците размислувале да го бомбардираат мостот на Крим

Горан Наумовски

Русите собориле четири украински ракети насочени кон Крим