Земјите, кои учествуваат во коалицијата за борба против Исламска држава се собраа денеска во Копенхаген за да ги разгледаат идните активности против џихадистите, кои претрпуваат тешки загуби во Сирија и Ирак.
– Ќе погледнам во иднината и ќе определиме што уште треба да направиме, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, кусо пред пристигнувањето во главниот град на Данска.
– На коалицијата итно и се потребни дополнителни средства за деминирање на зоните, евакуирани од ИД, изјави американски владин претставник.
Учесниците во форумот напоменаа дека се неопходни уште средства за стабилизирање и заштита на зоните, од кои си заминаа џихадистите.
На состанокот организиран од данскиот министер за одбрана Клаус Хорт Фредериксен учествуваат 15 земји.