Во Кина од 1 јануари целосна забрана за увоз на цврст отпад

Од:

Кина од 1 јануари 2021 година ќе забрани увоз на цврст отпад, со што ќе се стави крај на политиката покрената пред три години, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Кина во 2018 година почна да ја затвора вратата за увоз на отпад, што предизвика акумулација на производи за рециклирање во богатите земји.

Кина, исто така, постепено забрануваше увоз на разни видови на пластика, автомобилски делови, хартија, текстил или отпад од челик или дрво.

– Секој увоз на цврст отпад ќе биде забранет, се наведува во заедничкото соопштение од кинеското Министерство за животна средина и трговија, Царината и Националната комисија за економско планирање.

Кинеската еколошка политика предизвика потешкотии за американската и европската рециклажна индустрија, кои се принудени да го чуваат отпадот додека чекаат решение.

Отпадот што се извезува во азиските држави се децении беше купуван од локалните фирми, кои го чистеа и го претвораа во суровини за индустријата.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија