Во Кина изграден погон за производство на вакцината на Астра Зенека

Од:

Кинеската компанија „Шенжен кангтаи бајолоџикал продактс“ (Shenzhen kangtai biologic products) соопшти дека ја завршила изградбата на фабриката направена за производство на 400 милиони дози вакцина од компанијата „Астра Зенека“ на годишно ниво, што е двојно повеќе од целта објавена минатата година.

„Компанијата активно ги поттикнува процедурите за клиничко испитување на вакцината и нејзината регистрација во Кина, ја заврши изградбата на производствен погон и започна со пробно производство“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Женжен.

Компанијата се стекна со право да ја снабдува континентална Кина со вакцината АЗД 1222, развиена од „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

– Вакцината може да биде лиценцирана во Кина до средината на 2021 година, откако ќе бидат собрани податоци од првата и втората фаза на клиничките испитувања во оваа земја, како и податоци од последната фаза на клинички испитувања во странство, изјави претходно Леон Вонг, директор за операции на „АстраЗенека“ во Кина.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски