Во Камбоџа уапсен синдикален лидер поради коментар за Виетнам

Од:

Претседателот на Камбоџанската конфедерација на синдикати Ронг Чун синоќа е приведен под обвинение дека поттикнувал немири со своите коментари за политички чувствителна тема за границата на Камбоџа со Виетнам.

Чун денеска ќе биде сослушан, а доколку биде прогласен за виновен може да добие казна од шест месеци до две години затвор и парична казна од 244 до 976 долари.

Според полицијата Чун е уапсен на барање на Општинскито суд во Пном Пен под обвинение дека давал неточни информации за границата помеѓу Камбоџа и Виетнам.

Чун минатата недела за Радио Слободна Азија зборуваше за состанокот со земјоделците од источниот дел на Камбоџа, кои се пожалиле дека соседен Виетнам го прекршил законот на нивната држава. Прашањето за претензиите на Виетнам кон територијата на Камбоџа е чувствително политичко прашање поради историскиот антагонизам помеѓу двете соседни држави.

Владата на премиерот Хун Сен одржува блиски односи со Виетнам, поради што неговите политички опоненти го обвинуваат дека не успева да ја заштити територијата на Камбоџа.

Чун во средата ги предводеше работници од една фабрика до резиденцијата на премиерот Сен, кои побараа помош бидејќи фабриката е затворена поради пандемијата со Ковид-19.

Во Виетнам во изминатите години уапсени се повеќемина истакнати опозициски лидери врз различни обвинувања.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Во експлозија во воена база во Камбоџа загинаа 20 војници