Во Калифорнија од следната година ќе има повеќе Латиноамериканци отколку белци

Од:

Демографите во САД очекуваат на почетокот на следната година Латиноамериканското население во најнаселената американска држава Калифорнија да го надмине бројот на белците, пренесоа американските медиуми.

Државното Министерство за финансии објави прогнози, според кои, Латиноамериканците ќе станат доминантна етничка група во Калифорнија за прв пат. До 2020 година тие ќе достигнат 41 отсто од населението, додека белците ќе бидат под 37 отсто.

Белците ќе се намалат до 30 отсто во текот на 2060 година од сегашните 39 отсто, што ќе се одрази врз политичкиот и општествениот живот.

Во моментов белците не се мнозинство само во државите Хаваи и Њу Мексико.

Според истиот извештај, Калифорнија во текот на 2049 година ќе има население од 50 милиони.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува