Во Јужна Кореја помалку од 50 новозаразени, првпат од февруари

Од:

Јужна Кореја пријави помалку од 50 новозаразени првпат по зенитот на пандемијата кон крајот на февруари, а СЗО ја пофали борбата против ширењето на болеста во една од првите тешко погодени земји.

Корејскиот центар за контрола и превенција соопшти дека до недела на полноќ има 47 новозаразени, во споредба со 81 лице од претходниот ден.

Во Јужна Кореја има вкупно 10.284 заразени лица, починати се 191, а 6.598 се излекувани.

Јужна Кореја ја стави пандемијата под контрола, со околу 100 или помалку случаи на ден во текот на изминатиот месец, но ова е првпат од 29 февруари, бројот на новозаразени да биде помал од 50.

Како што пренесуваат странските агенции, во февруари, Јужна Кореја беше земја со најмногу заразени надвор од Кина.

Сепак, преку масовно тестирање и барање контакти земјата успеа да го спречи ширењето на вирусот, кој се шири многу побрзо во другите земји.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски