1.500 громови во рок од пет минути

Од:

Во Јужна Калифорнија удрија 1.500 громови во рок од пет минути, соопштија локални медиуми повикувајќи се на американскиот синоптички центар.

– Од нив, 230 биле регистрирани над Санта Барбара и 40 над Лос Анџелес, соопштија метеоролозите и објаснија дека ова е премногу.

Синоптичарите ги предупредија луѓето да не ги напуштаат своите домови.

Авионот на Делта за Сиетл бил принуден да се врати во Лос Анџелес, откако бил удрен од гром. Нема повредени. Кратко била прекината и струјата на три терминал на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско