Во јужен Јордан убиени тројца полицајци

Од:

Тројца полицајци беа убиени денеска во јужниот јордански град Ман додека се обидувале да уапсат осомничен за минатонеделното убиство на полициски командант.

Во полициското соопштение се наведува дека е убиен и главниот осомничен во вооружениот конфликт што се случи во близина на градот Ман во кој минатата недела беше убиен локалниот заменик-директор на полицијата Абдул Разак Абдел Хафез ал Далабех.

Управата за јавна безбедност соопшти дека полицајци го опколиле местото каде се наоѓале неколкумина осомничени за убиството на командирот.

Еден од осомничените почнал да пука од автоматско оружје, а полицијата возвратила, се додава во соопштението. Уапсени се девет осомничени и одземени им е автоматско оружје и поголема количина муниција.

Апсењата се случија по најголемите немири во блискоисточното кралство во последните неколку години, откако возачите на камиони штрајкуваа поради високите цени на горивото.

Штрајкот и протестите се проширија во неколку градови низ Јордан, а демонстрантите во четвртокот се судрија со полицијата. Полицијата тврди дека Далабех бил убиен од криминалци за време на судирите во градот Ман.

После тоа, Јордан привремено го забрани Тик Ток, а кралот Абдула Втори се закани дека ќе постапи строго со криминалците.

Јордан е близок сојузник на Западот и долго време се смета за остров на стабилност во турбулентниот регион.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт