Еден од главните идеолози на џихадизмот, кој беше ослободен во јуни, денеска е повторно уапсен во Јордан задари ширење на терористички идеи.
Исам Баракави, познат како Абу Мохамед ал Макдиси е притворен на 15 дена поради ширење на Интернет на идеите на терористичката групација Фронтот Ал Нусра, која е огранок на Ал Каеда во Сирија, изјави анонимен извор од судот, јави БТА.
Јорданецот со палестинско потекло беше ослободен на 16 јуни, откако од 2011 година отслужуваше казна затвор за врбување во Јордан на борци, кои се приклучувале кон талибанците во Авганистан.