Во Јордан по речиси 60 години ќе се обнови Министерството за одбрана

Од:

Јорданскиот крал Абдула Втори нареди да биде обновено Министерството за одбрана, со цел да се зајакне армијата, која е под силен притисок поради војните во соседните земји – Сирија и Ирак, како и поради големиот притисок од сириските бегалци.

Според јорданската државна информативна агенција Петра, Министерството за одбрана ќе биде задолжено со невоена логистика, администрација, инвестиции и развој, со што армијата ќе може да се посвети на своите воени и професионални задолженија.

По традиција јорданскиот премиер е и министер за одбрана, иако Министерството не постои од 50-тите години од минатиот век.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт