Во Јемен убиени двајца познати терористи

Од:

Висок функцонер на Ал Каеда и локален лидер на огранокот на милитантната група Ансар ал Шарија се убиени синоќа во напад со беспилотно летало во централниот дел на Јемен, изјавија претставници на локалното племе.

Освен Набил ал Ахаба, лидер на Ансар ал Шарија во јеменската покраина, синоќа се убиени уште четворица членови на Ал Каеда, меѓу кои и Шавки ал Бадани, лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, по кого трагаат САД.

Стејт департментот Ал Бадани го смета за глобален терорист и го поврзува со најмалку два напади врз американската Амбасада во Сана и со самоубиствениот бомбашки напад во главниот јеменски град, во кој се убиени над сто војници на 17 јуни 2014 година.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“