Во Израел за првпат по четири месеци има над 2.000 новозаразени во еден ден

Од:

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека повеќе од 2.000 луѓе биле позитивни на Ковид-19 во понеделникот, што е најмногу за 24 часа од март.

Како што е наведено, биле тестирани повеќе од 90.000 примероци, а стапката на позитивни резултати изнесува 2,32 проценти. За споредба, во екот на третиот бран на инфекција во јануари, имаше повеќе од 1.200 новоинфицирани лица на ден.

Според Министерството за здравство, 10 проценти од оние кои биле позитивни на вирусот во понеделникот пристигнале од странство. И покрај апелите на владата да не се патува непотребно, меѓународниот аеродром во Израел „Бен Гурион“ е полн со патници.

Министерот за здравство, Никан Хоровиц денеска го повтори повикот на премиерот на Израел, Нафтали Бенет, што побрзо да се вакцинираат сите оние кои досега не го сториле тоа. Во земјата се целосно имунизирани над 5,3 милиони луѓе, од вкупното население од 9,3 милиони.

Хоровиц исто така рече дека Министерството размислува дали да им даде на постарите граѓани трета доза вакцина против Ковида – 19, и покрај фактот што нема податоци од производителите за клинички испитувања. Израел во моментов им дава трета доза на луѓето чиј имунолошки систем е ослабен.
За време на пандемијата од коронавирус во Израел починаа речиси 6.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници