Во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места

Од:

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.

Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новит коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против Ковид-19.

„Поради зголемувањето на бројот на заразени, Министерството за здравство донесе одлука од денеска напладне маските повторно да бидат задолжителни во затворен простор“, се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19

Нафтали Бенет е во изолација поради ковид во неговото семејство

Израел ја пролонгира имунизацијата со четврта доза вакцина против Ковид-19

Катерина Ѓуровски