Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Од:

Четвртата доза на вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица постари од 60 години ги прави трипати поотпорни на сериозен облик на болеста од луѓето кои примиле засилувачка доза, соопшти израелското Министерство за здравство.

Овие податоци се резултат на истражување кое го спровели рази експерти и водечките академски и здравствени иституции кои ги споредувале резултатите кај лицата што примиле четврта со оние кои примиле три дози вакцина против ковид.

Министерството додаде дека четвртата доза, или вториот бустер, двојно ја зголемува отпорноста на инфекција во истата возрасна група, во споредба со луѓето кои примиле три дози од вакцината.

Резултатите се засновани на испитувањето кај 600 илјади Израелци кои примиле четврта доза наспорти 600 илјади кои примиле три дози.

Израел овој месец почна да ја дава четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бајонтек на лица постари од 60 години.

Би можело да ве интересира

Германец примил 87 вакцини против ковид

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид

Израел прв во светот почна со тестирање на четвртата доза од вакцината против Ковид-19