Во Израел најголем број случаи на Ковид-19 за 24 часа од почетокот на пандемијата

Од:

Израел регистрираше најголем број на нови случаи на коронавирус за едно деноноќие од почетокот на пандемијата, иако бројот на сериозни случаи продолжи да се намалува во услови на зголемен интензитет на вакцинирање со трета доза, објавија израелските медиуми.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 11.187 новозаразени лица, што е зголемување за 1.755 заразени лица во споредба со претходниот ден. Претходниот рекорд за време на пандемијата беше во понеделникот со 11.140 заразени за 24 часа.

Истовремено, бројот на тешките случаи се намалува трет ден по ред. Вкупно 666 пациенти се во сериозна здравствена состојба, од кои 208 се во критична состојба и 149 на респиратор. Во моментов има 90.058 активни случаи, при што 7,92 проценти од тестовите се позитивни.

Би можело да ве интересира

Израелско истражување: Третата доза вакцина дава четири пати поголема заштита од првите две дози

Израел регистрира повеќе од 6.000 новозаразени во еден ден, најмногу од февруари годинава

Израелско истражување: Третата доза вакцина има слични нуспојави како втората

Израел повторно ги заострува мерките, но не се очекува ново „затворање“

Во Израел намалена ефикасноста на вакцината против коронавирусот

Во Израел повторно е задолжително носење заштитни маски во затворен простор на јавни места