Во изминатите 24 часа Ерменија го прекришила примирјето со Азербејџан 112 пати

Од:

Во текот на изминатите 24 часа, Вооружените сили на Ерменија вкупно 112 пати го прекршиле примирјето долж линијата на разграничување со Азербејџан, соопшти денеска азербејџанското Министерство за одбрана.

Како што јави агенцијата ТРЕНД, во соопштението на Министерството се наведува дека позициите на азербејџанската армија биле нападнати на повеќе различни локации.

Конфликтот меѓу Азребејџан и Ерменија почна во 1988 година поради територијален спор, кој во 1992 прерасна во отворена војна, за време на која ерменските сили презедоа контрола врз 20 проценти од азербејџанската територија, вклучувајќи го и регионот Нагорно Карабах и уште седум соседни области.

Војната беше прекината со примирје во 1994 година, со посредство на ОН. Од тогаш меѓу Азербејџан и Ерменија воспоставена линија на разграничување, која практично функционира како граница меѓу двете земји, долж која често доаѓа до повремена размена на оган.

Советот за безбедност на ОН досега усвои четири резолуции за овој конфилт, со кои се бара повлекување на ерменските сили од подрачјата освеоени во текот на војната, но досега тие не се имплементирани.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска