Во Италија запленети над еден тон албанска марихуана

Од:

Италијанската полиција во чамец на оддалеченост од околу 50 милометри од брегот на пристанишниот град Бари запелни повеќе од еден тон албанска марихуана.

При заплената се уапсени и еден албански и еден италијански државјанин, кои се обвинети за шверц на дрога.

Според полицијата, вредноста на запленетите 1,08 тони марихуана на нарко пазарот изнесува 10 милиони евра.

Во меѓувреме албанската полиција продолжува со уништување на цели површини засадени со марихуана. За неполни две недели уништени се над 20 илјади стебла на марихуана, најмногу од нив во подрачјето на околијата Тропоја, над 11 илјади.

Во изминатите два дена во подрачјето на градот Пермет уништени се повеќе од 500 стебла марихуана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески