Во Италија запленет кокаин во вредност од околу 70 милиони евра

Од:

Полицијата во јужниот италијански град Реџо ди Калабрија соопшти дека запленила 344 килограми чист кокаин во вредност од околу 70 милиони евра.

Дрогата е пронајдена за време на викендот во големото индустриско пристаниште Џоја Тауро во Калабрија, кое е еден од главните влезови за шверцувана стока во Италија.

Товар од 55 килограми кокакин е пронајден во контејнер од Бразил за Словенија, а според документацијата пренесувал алуминиум.

Втората пратка од 289 килограми е пронајдена во друг контејнер од Бразил, кој патувал за североисточниот италијански град Трст. Во декларацијата се наведува дека контејнерот превезува кафе.

Според италијанската полиција од почетокот на годината во тоа пристаниште се запленети околу 932 килограми кокаин.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага