Во Италија уште еден милион сиромашни поради пандемијата

Од:

Од почетокот на пандемијата бројот на Италијанци кои се сметаат за сиромашни е зголемен за еден милион, пишува денеска весникот „Ил манифесто“, наведувајќи дека во моментов 5,2 милиони луѓе немаат доволно ни за основни потреби.

Зголемувањето на сиромаштијата е последица на економската криза поради пандемијата на коронавирусот, а весникот наведува дека бројот на сиромашни сигурно ќе се зголеми кога ќе престане да важи владиниот декрет за забрана за отпуштања и исфрлувања на кираџии поради кризата.

Двете уредби истекуваат во јуни и неизвесно е дали ќе бидат продолжени.

Една година по почетокот на пандемијата, два милиони италијански семејства живеат во апсолутна сиромаштија, што е за 335 илјади повеќе отколку во периодот пред почетокот на заразата.

Весникот пишува дека редовите на оние што го чекаат единствениот оброк пред хуманитарните организации се сè подолги и оти сиромаштијата го погодува не само традиционално сиромашниот југ на Италија, туку и семејствата на северот на Италија.

Хуманитарната организација „Спасете ги децата“ соопшти дека на 160 илјади деца на училишна возраст не им е гарантиран еден оброк дневно поради затворени училишта, кои ги добивале во училишните мензи.

Италијанците кои осиромашиле за време на пандемијата претходно претежно имале работа и редовни примања, а најмногу губитници има меѓу луѓето кои имале привремена работа или работеле нелегално, како што се луѓе кои чуваат стари лица или работат домашни работи или самохрани мајки со деца.

Кризата на трудот најмногу ги погодува жените, а податоците покажуваат дека скоро половина милион работни места на кои биле вработени жени повеќе не постојат поради пандемијата.

Би можело да ве интересира

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он

За македонските граѓани влез во Италија со сертификат или негативен ковид-тест

Италија ја проширува употребата на „суперзелениот“ сертификат

Катерина Ѓуровски