Во Италија уапсени двајца членови на терористичка група

Од:

Италијанската полиција денеска уапси две лица во рамки на истрагата против милитантна група под сомнение дека планирале напади во Рим и во Лондон, соопштија истражните органи.

Милитантната група формирана во Бари, југоисточна Италија, имала за цел „да спроведе терористички напади во Италија и во странство“, пишува во налогот за апсење.

Во налогот за апсење наведени се имиња на четворица Авганистанци и еден Пакистанец, од кои тројца се уште се на слобода.

Сите осомничени официјално се жители на околината на Бари, но двајца од нив во моментот се во Авганистан.

Тројца осомничени се обвинети за меѓународен тероризам, а двајца за помагање на мрежата за илегална миграција.

Во Италија немаше смртоносни исламистички напади како во Франција и во Белгија, а голем број на лица се уапсени поради сомневање за организирање терористички напади.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески