Во Италија разбиени две албански криминални банди

Од:

Италијанската полиција разбила две криминални банди, составени главно од Албанци, кои се занимавале со меѓународен шверрц на дрога и со други нелегални активости, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во големата полициска акција реализирана во италијанските области Венето, Тоскана, Ломбардија, Пиемонт и Лацио се уапсени 43 лица, меѓукои речиси сите се Албанци.

Според италијанската полиција, криминакните групи броеле најмалку 100 лица, најголемиот број Албанци, но и неколкумина Романци и Италијанци, кои ги „регрутирале“ искористувајќи ја нивната социјална положба. Меѓу членовите на групите имало и цели семејства со мали деца, кои за сума од две до три илјади евра шверувале дрога од Албанија.

Членовите на овие криминални групи меѓусебе не комуницирале прекутелефони, туку интернет. Тие преку Фејсбук и други социјални мрежа организирале нарачки, транспорт и продажба на дрога. Двете групи заедно месечно „заработувале“ околу два милиони евра.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Пет работници загинаа во Палермо