Во Италија разбиена меѓународна нарко банда, запленети два тона дрога

Од:

Италијанската полиција разбила една од најопасните нарко банди,која се занимавала со шверц на големи количини на наротични средства главно на релација Албанија-Италија-Холандија и Холандија-Италија.

Според албанските медиуми,упасени се 36 лица, најголем број албански државјани.

Водачи на групата, која била способна да транспортира секаков вид дрога, биле браќата Едмонд и Герти Марку, како и Дитмир Вучај. Кокаинот во Италија го шверцувале, главно од од Холандија додека марихуаната и хашишот од Албанија а ги транспортирале со камиони натоварени со разна стока, но и со автомобили.

Главната база им била во италијанскиот град Вареса, а свои ќелии имале и во Холандија, Белгија и Албанија. Групата била следена од 2010 година.

Во акцијата, запленети се два тона марихуана, 15 килограми кокаин, 54 килограми хашиш чија вредност на нарко пазарот изнесува над два милиона евра. Конфидкувани им се неедвижен имот, девет скапи автомобили а блокирани им се и 13 банкарски сметки.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага