Во Италија разбиена албанска нарко група

Од:

Италијанската полиција разби албанска нарко група, која се занимавала со шверц на кокаин, јави дописникот на МИА.

Според полициски извори, на кои се повикува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, на петмина албански државјани им е изречена мерка притвор, додека една 48-годишна Албанка е пуштена да се брани од слобода, но мора задолжително да се јавува во полиција.

Таа е осомничена за соработка и помош, бидејќи на групата и ја отстапила куќата каде што дрогата ја преработувале и подготвувале за пазар.

Во акцијата како „снабудвачи со кокаин“ се уапсени две лица на возраст од 33 и 28 години, а како „улични продавачи на дрогата“ три лица на возраст од 35, 31 и 29 години. Сите упасени Албански државјани живеле во Италија.

Во полициската акција биле запленети и над 10 илјади евра, како и значителено количество кокаин подготвен за продажба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески