Во Иран затворени се 150 фирми поради прекршување на правилата за облекување

Од:

Иранските власти денеска објавија дека затвориле повеќе од 150 продавници и ресторани за 24 часа бидејќи работничките не ја почитувале обврската да носат хиџаб.

Затворањата беа наредени еден ден откако стапи на сила новата полициска мерка која користи надзорни камери за да ги идентификува жените кои не носат хиџаб. Носењето муслиманска марама е задолжително во Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Полицијата соопшти дека „за жал морала да запечати 137 продавници и 18 ресторани и приемни сали во земјава, поради непочитување на претходните предупредувања“ во врска со обврската за носење вел, пренесе агенцијата Тасним.

Властите ја воведоа новата мерка во време кога се повеќе жени се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување на Иран. Жените почнаа да го прават тоа по смртта на младата Махса Амини во септември, која беше уапсена поради кршење на строгиот кодекс на облекување.

Полицијата навела дека сопствениците на автомобили ќе добијат и предупредувачка порака доколку патничка го прекрши кодексот на облекување. Возачите ризикуваат да им биде одземено возилото во случај на повторен прекршок.

Инспекторите во изминатото деноноќие евидентирале неколку стотици случаи на неносење хиџаб во автомобилите, а сопствениците на тие возила биле известени со СМС пораки, соопшти полицијата.

Иранските власти во неколку наврати претходно предупредија дека секој што ќе го тргне превезот на јавно место ќе биде казнет.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел