Во Иран почна регистрација на кандидатите за пратеници

Од:

Во Иран денеска почна регистрација на кандидатите за парламентарните избори што треба да се одржат во февруари 2020 година, јави иранската новинска агенција ИРНА.

Изборите ќе се одржат на 21 февруари, а новиот парламентарен состав ќе почне со работа во мај.

Иранскиот Парламент има 290 места, а посебното тело – Совет на чуварите мора да ги одобри кандидатурите. Тие кои сакаат да се регистрираат мора да имаат од 30 до 75 години и завршени мастер студии.

Изборите што се одржуваат по немирите поради зголемување на цените на горивото ќе бидат мерило за умереното и реформистичко крило што го претставува претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Иран не објави колку луѓе загинаа во немирите, додека „Амнести интернешнл“ тврди дека најмалку 161 лица се убиени за време на протестите. Според ирански официјални податоци уапсени над 7.000 луѓе.

Актуелниот претседател на Парламентот, Али Лариџан, кој имаше голема улога во зголемување на цените на горивото, најави дека нема да се кандидира на изборите. Тој на функција е 12 години.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел