Властите во најзападната индонезиска провинција Ачех денеска објавија дека во донеле закон според кој во иднина во училиштата одвоено ќе учат машките, посебно женските деца.
Соопштувајќи ја оваа вест, претставник на провинциската власт во главниот град Банда Ачех најави и забрана на ист мотор да се возат припадници од различни полови, а осбено строго ќе се санкционираат случаевите жена да вози маж.
Законот, за сега, ќе се применува во дистриктот Северен Ачех, но наскоро ќе се спроведува и во целата провинција која има околу пет милиони жители.
Провинцијата Ачех, која зафаќа 58.300 квадратни километри на островот Суматра е единствената во Индонезија во која владее шеријатското право .Овде пред три години беше издадена наредба во секое семејство навечер обавезно да се чита Куранот, а во спротивно следуваат строги казни.
Ачех е познат и по тоа што претрпе најголеми човечки и материјални штети од силното цунами што го задеси регионот пред десет години. Провинцијата е позната и по тоа што во неа се наоѓаат повеќе логори во кои се обучуваат и се кријат морските пирати што ги напаѓаат бродовите кои низ преминот Молука се движат кон Индискиот океан.