Тринаесет луѓе загинаа при уривање на транспортен авион на индонезиската армија. Леталото се урнало откако удрило во планината Лисува во покраината Папуа.
Агенцијата за потрага и спасување на Индонезија соопшти дека авионот Херкулес Ц130 полетал од градот Тимике кон Вамени и се урнал во близина на градот.
На планината пронајдени се телата на жртвите и се префрлени во Вамени.