Во Индонезија забранет собир на поддржувачи на Исламската држава

Од:

Портпаролот на националната полиција на Индонезија денеска соопшти дека е спречен обидот при денешната молитва, или на средбите во џамиите во недела да се оствари состанокот на поддржувачите на Исламската држава, што бил најавуван во градот Семаранг на истокот на Јава. Организаторите на овој собир преку веб сајт и плакати излепени во повеќе градови на Јава повикуваа на поддршка на борците во Исламската држава во Ирак и Сирија со пораката дека „џихадистите не се откажале од исламот’’.

Според податоците на националната служба за безбедност, над 500 граѓани на Индонезија зеле активно учество во вооружените судири во Исламската држава. Официјалните власти во Индонезија го осудија создавањето на ИД калифатот, но влијателниот Совет на улемите, барем во јавноста, има неутрален став кон случувањата во Ирак и Сирија и заканите за оснивање на калифати во Малезија, Индонезија и на Филипините.

Полицијата во Индонезија нема право да ги апси поддржувачите на ИД. Од Џакарта до сега нема одговор на барањето на Малезија да се поведе заедничка акција за сузбивање на радикалните исламски групи во овој регион.

Поостри мерки и законски прописи против радикалниот ислам побара и индонезискиот комитет за човекови права кој смета дека сиромаштијата е една од главните причини поради која млади индонезијци се лесна група за регрутација. Овој комитет порача дека одложувањето на донесување на закони против радикализмот им дава повеќе време на пропагаторите на радикалните идеи за влијание.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска