Во Индонезија уапсени пропагатори за поддршка на Исламската држава на Ирак и Левант

Од:

По прогласувањето на национална кампања за сузбивање на појавите за ангажирање на млади индонезијци за борци на бунтовничкото движење „ Исламска држава Ирак и Левант’’ ИСИС,  објавено пред два дена, полицијата во Индонезија почна да ги апси организаторите на акциите за привлекување на младите муслимани од таа држава и нивно одење на фронтот. На островот Јава вчера се уапсени двајца, од порано познати, радикални  исламисти за кои полицијата има докази дека организирале повеќе акции за убедување на младите муслимани од островот Сулавеси да се приклучат кон бунтовниците.

Според познат индонезиски аналитичар за тероризам Ал Кајдар, радикалните групи делувале во оваа држава повеќе од една година и имале прилично голем успех за регрутација на свои симпатизери, особено вон поголемите градови. По сознанијата дека на фронтот во Ирак, на страна на бунтовниците се борат и државјани на Индонезија, сите структури во државата, вкључувајќи го и влијателниот Совет на улемите се вклучија во акција за спречување на ширењето на исламскиот радикализам.

Иако е држава со најбрна муслиманска популација, каде што од 250 милиони жители над 80 посто се муслимани, Индонезија е позната по релативно високата верска толеранција.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе