Во Индонезија се распаѓа коалицијата што го номинираше Прабово Субианто

Од:

По конечната одлука на Уставниот суд на Индонезија за одбивање на сите приговори на поразениот кандидат за претседател Прабово Субианто, повеќето од партиите што стоеја зад неговата кандидатура најавија дека нема да коалицираат во Парламентот.

Дел од спротиставените партии на изборите одржани на 9. јули најавија дека се подготвени тесно да соработуваат со новиот претседател на Индонезија Јоко Видодо, ако тој сака да смета на нивните кадри.

Во 250 милионската Индонезија, според аналитичарите, политичкиот живот се враќа во нормални текови, особено по изостанувањето на очекуваните улични протести на симпатизерите на Субианто. Полицијата ги повлече околу 35.000 припадници кои беа донесени во Џакарта за да ги спречат можните немири, а и војската, која беше во зголемен степен на готовност, се враќа кон нормалните активности.

Новиот претседател Јоко Видодо, кој беше успешен и популарен гувернер на Џакарта, ќе ја преземе должноста на 23 октомври. Дотогаш, неговиот тим ќе ја обработува и електронската анкета според која Индонезијците треба да му помогнат во изборот на новите министри.

Новиот претседател на јавноста и соопшти по три можни имиња за секое министерско место и најави дека ќе го почитува јавното мислење.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски