Во Индонезија повторно се активира идејата за забрана на консумирање на алкохол

Од:

Во законодавната комисија на Парламентот на Индонезија денеска повторно беше покрената иницијативата за носење на закон за забрана на консумирање на алкохолни пијалоци во оваа 250 милионска држава, во која над 80 отсто од населението се муслимани.

Иницијативата е покрената од како конзервативните исламистички партии, кои имаат една третина од вкупниот број пратеници, добиле поддршка од претставниците на владејачката Демократска и две други секуларно определени партии.

Сличен закон во Индонезија беше предложен пред три години, но не наиде на поддршка ни во Парламентото ниту во јавноста.

Според предлозите, со овој закон би се вовела целосна забрана на продавање на алкохол во продавници и ресторани, а исклучок би биле само хотели со пет ѕвездички. На прекршителите на законот, ако тој се усвои, им се заканува затворскаказна од три месеци до две години.

Меѓутоа, малку кој верува дека во Индонезија ќе биде воведена прохибиција. За сузбивање на консумацијата на алкохол државата повеќе од три децении има воведено високи акцизи за вино и жестоки пијалоци, но пивото е исклучено од оваа категорија.

Количествата на произведено и увезено пиво во Индонезија укажуваат дека возрасните индонежани годишно, во просек, пијат околу 60 литри пиво. Брендот на пивото „Бинтанг’’ во Индонезија е популарен исто како Кока колата, а американската корпорација Сан Мигел во Индонезија има една од најголемите пивари во светот.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници