Во Индонезија почна тестирањето на кинеска вакцина за коронавирус

Од:

Индонезија денеска почна со тестирање на вакцина против коронавирус, изработена од кинеската лабораторија Синовак Биотек, на 1.600 волонтери.

Наречен Коронавак (Coronavac), таа е една од ретките вакцини во последната фаза од клиничките испитувања пред да добие дефинитивно одобрение за употреба. Тестирањето на вакцината е предвидено да трае до февруари.

Вакцината во исто време се тестира на 9.000 волонтери во Бразил, втора најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирусот по САД.

Гувернерот на провинцијата Западна Јава, која има најмногу население во Индонезија, е еден од 1.620 лица кои треба да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината, кои се предвидени да траат до февруари.

Доколку по овие тестови се покаже дека вакцината не е опасна и е ефикасна, индонезиските власти предвидуваат дека ќе произведат голем број дози за тој голем архипелаг со 270 милиони жители.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо денеска ја посети фабриката во градот Бандунг во центарот на островот Јава, која ја води државната фармацевтска компанија Био Фарма, која треба да ја произведе вакцината.

– Уште еднаш потенцирам дека заканата од Ковид-19 нема да заврши сè додека не се вакцинираат сите Индонезијци, нагласи Видодо.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски