Во гранатирање на Доњецк убиени тројца цивили

Од:

Тројца цивили се убиени и уште толку се ранети во денешното гранатирање во таканеречената „Доњецка Народна Република“ (ДНР) на истокот на Украина, пренесе ТАСС, повикувајќи се на бунтовниците.

Портпаролот на „Министерството за одбрана“ на „ДНР“ Едуард Басурин информира дека двајца цивили загинале во Доњецк и еден во Горловка. Тројца други цивили биле ранети во Доњецк.

Вечерва интензитетот на гранатирање на градот и околината е намален, информираат истите извори.

Насилството во источна Украина и денеска продолжи и покрај фактот дека претходно во Минск беше договорен нов прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17