Во Германија: Пијан возач возел автобус, за брзо време бил уапсен

Од:

Полицијата во Алго, Германија „извлекла“ од сообраќај пијан возач на автобус, кој бил уапсен бидејќи пиел од пивско шише додека возел, пренесува Билд.

Една жена, единствениот патник во автобусот, ја алармирала полицијата во вторникот наутро, откако и возачот застанал на страната на патот за да се „олесне“, се вели во соопштението на полицијата.

Патролата конечно го запрела возачот на автобусот на железничката станица во Булое.

Како што соопшти полицијата, при проверката алкотестот покажал повеќе од 1,1 промили – што значи дека возачот апсолутно не можел да вози.

Полицијата му ја одзела возачката дозвола.

Би можело да ве интересира

Казнет возач што возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Истрага за возачот кој го однесе Палевски во Турција: Обвинителството бара да му се продолжи притворот

Возач починал додека возел, возилото излетало од патот

Спречен шверц на брендирани часовници: Возачот рекол дека се лекови за болно дете

Орце Костов

Прегазена жена на „Рузвелтова“, уапсен возачот кој побегнал од местото на несреќата

Орце Костов