Газа денеска ќе ја добие првата испорака на вакцини против Ковид-19, откако Израел го одобри трансферот преку границата со територијата контролирана од Хамас, соопштија израелски и палестински власти.
Два милиона луѓе живеат во Газа, а досега се регистрирани 53.000 заразени со коронавирусот и 538 смртни случаи.
Официјални лица соопштија дека испораката на 2.000 руски вакцини Спутник V испратени од палестинските власти од окупираниот Западен брег денеска ќе пристигне во Газа.
– Ќе ги искористиме овие дози за да ги вакцинираме пациентите кои имале трансплантација на орган или имаат проблеми со црниот дроб, изјави Мајди Даир, претставник на Министерството за здравство во Газа.
Тој додаде дека медицинскиот персонал овојпат нема да биде вакциниран бидејќи оваа испорака не е доволна.