Во Франција уапсени шестмина припадници на ЕТА

Од:

Шестмина припадници на тајните ќелии на Еускади Та Аскатасуба (Баскиска татковина и слобода – ЕТА) се уапсени во француските градови, Блоа, Брив ла Гајар и Монтпелие, јави дописникот на МИА од Париз.

Уапсените, како што соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи се осомничени за соработка со логистичката група Елоса, која и помага на шпанската терористичка организација ЕТА.

– Пет од шестте лица веќе се наоѓале на листата на лица по кои трага полицијата, истакна француското Министерство за внатрешни работи.

Експертите за бобра против тероризам изјавија дека уапсените се поврзани со Елоса и оти се поранешни припадници на военото крило Ереке.

И покрај позитивните резултати во врска со случајот со ЕТА во шпанскиот дел на Баскија, француската територија продолжува и натаму да биде позадинска логистичка и воена база на тајните структури на организацијата.

Франција и Шпанија веќе подолго време соработуваат во борбата против ЕТА, која се смета за одговорна за смртта на 829 лица во изминатите четириесет години на борба за независност на Баскија и Навар.

Таа е ставена на листата на терористички организации од страна на САД и ЕУ. На 20 октомври 2011 ЕТА официјално најави дека прекинува со насилството, но и натаму одбива да го положи оружјето, како што бараат Шпанија и Франција. Од прекинот на воените активности до сега се уапсени 36 припадници на оваа организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили