Во Франција уапсени 29 активисти на Гринпис

Од:

Француската полиција денеска уапси 29 активисти на организацијата за заштита на животната средина Гринпис, кои ја „окупираа“ нуклеарната централа во јужниот дел на Франција.

Меѓу уапсените, чие приведување траеше неколку часа, има Французи, Италијанци, Романци, Шпанци, Руси, Португалци, Швајцарци, Германци и Белгијанци.

Француската Влада соопшти дека ја разгледува можноста за построги казни за такви дела, кои во моментот можат да се процесуираат само како илегални упади.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд истакна дека има доверба во властите надлежни за нуклеарната безбедност.

– Ги добивме сите гаранции дека нуклеарната безбедност апсолутно се почитува, посочи Оланд.

Активистите на Гринпис денеска пред зори ја „окупираа“ француската нуклеарна централа во Трикастен. Тие пуштија видео-снимка на која пишува „Трикастен: Нуклеарен инцидент“ и прикажаа фотографија од огромна пукнатина преку фасадара на една од зградите во централата. Активистите носеа и транспарент со ликот на Оланд на кој пишуваше „Франсоа Оланд: претседател на катастрофа?“

Сите активисти на Гринпис се уапсени и задржани во полициска станица. Франција е една од нуклеарно најзависните држави во светот, која од реактори задоволува 80 проценти од потребите од електрична енергија.

Во текот на 2008 година во нуклеарната централа во Трикастен забележани се неколку инциденти, меѓу кои и истекување на ураниум во двете реки во близина и ослободување на радиоактивни честички од една цевка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили