Во Франција уапсени 11 лица поради вмешаност во минатогодишниот напад врз саудиски принц

Од:

Единаесет лица се затворени поради вмешаност во минатогодишниот напад во Париз врз колоната возила на саудискиот принц, изјави портпаролката на француската Влада, Анес Тибо-Лекјувар.

Таа не откри детали за уапсените.

Во август 2014 година колоната беше нападната додека се движела кон парискиот аеродром, при што се одземени 250.000 евра, дипломатски документи, како и два автомобили, што подоцна беа најдени запален.

Ниту француските ниту саудиските власти не го открија името на принцот што беше нападнат.

Жртва на вооружениот напад беше саудискиот принц Абдел Азиз бен Фахд, најмладиот син на покојниот крал Фахд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци