Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

Од:

Деветнаесетгодишно момче завчера е приведено и обвинето за планирање насилничка акција во своето поранешно средно училиште и во џамија во Поморска Сена, пренесе Радио Франсе.

Француската контраразузнавачката служба – ДГСИ во регионот на Ле Авр го уапсила момчето (19), кое е осомничено дека сакало да изврши масовно убиство во своето поранешно средно училиште и во џамија. Тоа е обвинето за злосторничко-терористичко здружување и од петокот му е одреден притвор, според националното антитерористичко обвинителство.

Младиот човек веќе одредил датум за нападот, 20 април 2022 година. Тоа е четири дена пред вториот круг од претседателските избори, но тоа е датумот од раѓањето на Адолф Хилтер. Според неговите роднини, 19-годишникот бил фасциниран од фирерот.

Во неколку тетратки пронајдени во неговиот дом, тој наведувал дека бил малтретиран, самиот се нарекувал психопат и ја изразувал идејата за масовно убиство во поранешното средно училиште и во блиската џамија. Тој се осврнува на престрелката во Колумбин, во која загинаа 15 лица во американско средно училиште на 20 април 1999 година.

Во семејниот дом, истражителите откриле и 17 ножеви, некои со натписи од неонацисти, но и карабин и ловечка пушка, кои можеби му припаѓаат на неговиот татко.

Младиот човек бил забележан од истражителите благодарение на неговата размена на Телеграм со млада девојка од Безие, осомничена дека планирала напад против црква во Еро. Таа минатиот април била обвинета за злосторничко -терористичко здружение и сега е во затвор.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

Петмина загинати во нападот во Сиднеј

А1он