Во Франција регистрирани 8.250 радикални исламисти

Од:

Во Франција во моментов 8.250 лица се регистрирани како радикални исламисти, наспроти 4,015 во март 2015, објави денешното издание на париски „Фигаро“. 

Како што јави дописникот на МИА од Париз, овие 8.250 лица биле пријавени до властите преку отворенета бесплатна телефонска линија, воведена како дел од антиџихадистичките мерки. Од нив 80 проценти се полнолетни, а 70 отсто се мажи.

Тие биле пријавени од страна на нивното најблиско опкружување поради промената на нивното однесување, апологија на тероризмот или непријателското расположение кон државните институциите.

Меѓу овие 8.250 лица, 1,632 се малолетници од кои 765 момчиња и 867 девојки.

– Наспроти дсоегашните верувања, младите не паѓаат под влијание на исламистите само преку интернет, вели за „Фигаро“ анонимен претсавник на Единицата за координација на антитерористичката борба.

Всушност, според него, кај 95 отсто од случаите, нивната радикализација се должи на контакти со други лица кои ги среќаваат пред училиштата, во влезовите на зградата или во спортските сали.
– Тир дури потоа доаѓаат до социјалните мрежи како врска за засилување на нивната радикализација преку следење на џихадистички видеа, објаснува истиот извор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили