Во Франција отворена истрага по протерувањето на 15-годишна Ромка од Косово

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс, отвори административна истрага за начиниот и условите во кои беше протерана една 15-годишна Ромка од Косово, јави дописникот на МИА од Париз.

Протерувањето било во рамките на процедурата по одбивањето на азил за нејзиното семејство кое живеело во Дубс на истокот од Франција.

Петнаесетгодишната девојка при моментот на апсењето била на училишна екскурзија, за време на која интервенирале силите на редот. Ова апсење предизвика силни реакции во невладините организации и кај дел од партите од левицата, во контекст на силна антиромска кампања кај дел од француските политичари.

Премиерот Жан-Марк Еро изутринава разговарал со министерот за внатрешни работи за условите во кои била протерана оваа девојка на 9 окотмври, по што е одлучено да се отвори административна истрага.

 

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски