Во Финска и Шведска се зголеми поддршката за членство во НАТО

Од:

Во Шведска и Финска, кои се воено неутрални земји, значително се зголеми поддршката за членство во НАТО за време на руската инвазија врз Украина.

Анкетата на финската телевизија ИЛЕ покажа дека за прв пат повеќе од 50 отсто од Финците поддржуваат приклучување кон западната воена алијанса.

Од 1.382 испитаници, 53 отсто биле за влез на Финска во НАТО, 28 отсто биле против.

Анкетата е спроведена од 23 до 25 февруари. Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари.

Во Шведска слична анкета покажа дека сега повеќе луѓе се за членство во НАТО отколку против.

– Незамисливото може да почне да станува замисливо, напиша на Твитер поранешниот шведски премиер Карл Билт кој поддржува членство во НАТО.

Поради нападот врз Украина, Финска и Шведска ја прекинаа политиката на неиспраќање оружје на земји во војната и испратија јуришни пушки и противтенковско оружје во Киев.

Тоа е првпат Шведска да понуди воена помош од 1939 година, кога и помогна на Финска против Советскиот Сојуз.

Руското Министерство за надворешни работи минатата недела изрази загриженост поради, како што наведе, напорите на САД да ги „вовлечат“ Финска и Шведска во НАТО и предупреди дека Москва ќе биде принудена да преземе возвратни мерки доколку се приклучат на Алијансата.

Владите на Шведска и Финска одговорија дека нема да дозволат Москва да ја диктира нивната безбедносна политика.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нејзината земја сама одлучува за својата безбедносна политика.

Финска има историја полна со конфликти со Русија, со која има граница во должина од 1.340 километри.

Шведска повеќе од 200 години избегнува воени сојузи, избирајќи го патот на мирот по векови војни со своите соседи.

Двете земји ставија крај на својата традиционална неутралност со пристапувањето во Европската унија во 1995 година и продлабочувањето на соработката со НАТО. Сепак, повеќето луѓе во двете земји останаа цврсто против полноправното членство во Алијансата, се до руската инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија