Во ЕУ откриен шифриран систем за пораки, уапсени 42 лица

Од:

Полицијата во неколку земји од Европската унија открија шифрирана апликација за пораки што ја користеле криминалните банди, соопшти вечерва холандската полиција, додавајќи дека се уапсени 42 лица и дека биле откриени лаборатории за производство на дрога, лекови, пари и оружје.

Инспекторите ги спроведоа рациите во Белгија, Германија и Холандија по повеќе од две години истрага, која започна во септември 2020 година и ги доведе до исклучување на тајниот систем за пораки Exlu Messenger.

Холандската полиција соопшти дека истражителите пристапиле до податоците на оние шифрирани пораки што ги користеле криминалците и на тој начин можеле да ги читаат нивните пораки во изминатите неколку месеци.

Во таа истрага учествуваа полиции од Франција, Италија и Шведска, како и Европската полициска служба (Европол) и Европската агенција за судска соработка – Европравда.

Полицајците пронајдоа две лаборатории за дрога, фабрика за преработка на кокаин, како и неколку килограми дрога, четири милиони евра во готовина, луксузни предмети и оружје, пренесува Бета-Франс прес.

Апликацијата Exlu Messenger ја користеле околу 3.000 луѓе, од кои околу 750 зборувале холандски. Таа апликација беше инсталирана на паметни телефони и чинеше 800 евра за шест месеци.

„Таа апликација беше наменета за размена на пораки, фотографии, гласовни пораки, онлајн разговор и видеа“, соопшти холандската полиција.

Би можело да ве интересира

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Голема полициска акција се одвива утринава, уапсени се повеќе од 15 криминалци

Германски министер сака на криминалци да им конфискува скапи автомобили, накит и часовници

Во Британија е уапсено трио кое со години им помагаше на најбараните криминалци

Леа го изневери сопругот криминалец, тој брутално ја уби: Глумеше дека сака помирување, па ја фрли во киселина

Горан Наумовски

Албанските криминалци се мајтапат со британското правосудство, објавија фотографии како се смеат од затвор